Рајо не издржа со Атлетико: Гризман го матираше Димитриевски (ВИДЕО)

Рајо Валјекано одигра одличен меч, па статистички беше многу подобар од Атлетико Мадрид, но гостите славеа со 1-0 благодарение на погодокот на Антоан Гризман.

Рајо доминираше во мечот против гигантот од Мадрид, но екипата на Столе Димитриевски не издржи до крај за да освои барем бод. Гризман во 74. минута го реши мечот и ги постави конечните 1-0.

Атлетико на таков начин ја продолжи битката за првото место со Барселона, иако сега има четири бода помалку од Каталонците, но има одиграно и меч повеќе.