Работите во Тотнем не функционираат, скандал по мечот со Челси! (ВИДЕО)
Томас Френк се чини дека полека ја губи соблекувалната. По поразот од Челси, тој влезе на теренот и сакаше нешто да им каже на капитенот Мики Ван ден Вен и Џед Спенс, но следуваше скандалозен однос на двајцата фудбалери, го игнорираа стратегот.
Оваа сцена предизвика лавина реакции во Англија, многумина сметаат дека од неа се гледа дека тренерот не ги држи конците во соблекувалната.
И навивачите полека му го вртат грбот на Френк, дел од нив бараат нов тренер.
Тотнем и не е толку лош сезонава, во моментов е на четвртото место на табелата со осум бода зад лидерот Ливерпул. Од десет натпревари имаат пет победи, два нерешени меча и три порази.