Путин кажа што мисли за инцидентот по борбата помеѓу Хабиб и Мекгрегор 10 октомври 2018 - 20:23 Share Рускиот претседател Владимир Путин денеска имаше состанок со Хабиб Нурмагомедов, кој успеа да го победи Конор Мекгрегор на УФЦ 229 во Лас Вегас. Путин на состанокот му честитал на Нурмагомедов на одличната борба против Мекгрегор во Лас Вегас во саботата. Рускиот претседател разговараше и за инцидентот кој се случи по борбата, кога Хабиб скокна во публика и сакаше да се пресмета со тренерот на Мекгрегор. „Доколку сме нападнати од надвор, секој од нас би се обидел да се одбрани. Секако, ќе беше подобро да не се случи тоа...“, кажа Путин. Инаку, по борбата и победата во четвртата рунда, Нурмагомедов откри дека Путин му се јавил и на телефон, каде што му честитал.