ПСЖ во нападот ги има Нејмар и Мбапе, а победа вечерва им донесе - лев бек! (ВИДЕО)

ПСЖ со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Анжер во рамки на 20.коло во Лига 1.

Парижаните можеби имаат „тешка артилерија“ во нападот од калибарот на Нејмар, Килијан Мбапе, Моиз Кин, Анхел ди Марија и Мауро Икарди, но вечерва победата ја обезбеди Лајвин Курзава.

Левиот бек постигна гол во 70-тата минута и се покажа како доволен за освојување на трите бода. 

ПСЖ го презема врвот во Лига 1 пред Лион, кој утре го игра својот натпревар со Мец. Парижаните имаат 42 бода, додека Анжер е седми со 30 бодови.