ПСЖ сакаше ѕвезда на Наполи, но тие порачаа: Тој за нас е Роналдо, вреди 100 милиони!

Актуелниот француски шампион ПСЖ сакаше ѕвезда на Наполи, но Италијанците порачаа дека 80 милиони евра не се доволни за трансфер на Алан.

Бразилецот сака да замине и тоа поради пари затоа што ќе заработува двојно повеќе во Франција, но претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис смета дека Алан е како Кристијано Роналдо и дека вреди 100 милиони евра.

„Тој за нас е Роналдо, вреди 100 милиони“, им било соопштено на Парижаните.

Алан има 27 години, а веќе три години настапува за Наполи и досега имаше понуди од Арсенал и Челси, но не успеа да направи поголем трансфер.