ПСЖ понуди 60 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е приоритетна цел на трансфер пазарот за ПСЖ ова лето.

Францускиот шампион веќе испратил и понуда од 60 милиони евра за српскиот репрезентативец, објавува „Ле10спорт“. Клубот од Рим не е премногу расположен да го продаде својот фудбалер за оваа сума и го проценува на 85 милиони евра.

Ова е намалување во однос на претходните барања, бидејќи првиот човек на „лацијалите“, Клаудио Лотито до лани бараше обештетување од преку 100 милиони евра. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо е добро запознаен со квалитетите на Србинот, а своевремено го бараше и во Милан, кога истата функција ја извршуваше на „Сан Сиро“.