ПСЖ планира уште три-четири засилувања, едното е – Маркус Рашфорд!

Пари Сен Жермен планира уште три-четири засилувања до крајот на преодниот рок во следниве три недели, а освен веќе познатите цели, најново е што во преговори е со англискиот репрезентативец од Манчестер јунјатед, Маркус Рашфорд.

Еден од најпознатите новинари за трансфер-пазарот, Николо Шира објави дека парижаните во моментов работат на засилувања во секоја линија. Веќе е познато дека Мартин Шкринијар од Интер е голема желба, но никако не може да најдат заеднички јазик со Интер за отштетата, втор на листата на дефанзивци е Мохамед Симакан од Ред Бул Лајпциг.

Фабијан Руиз, соиграчот на Елиф Елмас од Наполи е од поодамна желба, веќе сѐ е договорено со него, но се бара решение за откупната клаузула со која наполитанците би биле задоволни за да го продадат.

Најново е атакот кон Рашфорд како засилување за нападот и преговорите се во тек, но засега нема детали колку Јунајтед бара и колку ПСЖ нуди.

Од друга страна, Леандро Паредес е на чекор до Јувентус, но останува „старата дама“ и ПСЖ да се договорат за трансферот, а се бараат решенија за продажба на Мауро Икарди, Рафиња, Пабло Сарабија, Јулијан Дракслер, Кејлор Навас...