ПСЖ остана без Марко Верати на подолго време

Марко Верати се повреди за време на неделното дерби во Лига 1 помеѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ, што заврши без голови. 

Парижаните денеска објавија дека фудбалерот од средниот ред го повредил колкот и ќе биде надвор од терените барем четири недели. Медицинскиот тим на ПСЖ се надева дека Италијанецот ќе успее да се рехабилитира многу порано и ќе му се стави на располагање на тренерот Маурисио Покетино. 

Серхио Рамос би можел да се врати во составот на ПСЖ и конечно да дебитира веќе следната недела. Што се однесува до Леандро Паредес тој би требало да биде фит за нешто повеќе од две недели.