ПСЖ нуди огромно богатство за ѕвездата на Наполи

ПСЖ бара ново решение за екипата, откако се повреди Марко Верати, па поради тоа Парижаните се обидуваат да го ангажираат Алан од Наполи.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел потврди дека повредата е најлошата работа, која може да се случи во таква победа (9-0 против Генгам) и побара од управата да најдат замена за Верати.

Наводно, ПСЖ се подготвени да понудат тројно поголема понуда за Алан, па така Наполи доколку сака да го продаде фудбалерот, ќе добие 70 милиони евра.

Доколку се реализира трансферот, ПСЖ не би го платил износот потребен за ангажирање на фудбалерот, туку сопствениците на ПСЖ ќе потпишат спонзорски договор со клубот од Неапол, за да немаат проблеми со финансискиот фер-плеј.