ПСЖ не знае за пораз: Кавани и Мбапе го урнаа Амиен (ВИДЕО)

ПСЖ во 20. коло од француската Лига 1 успеа да ја запише 16 победа во сезоната, откако го совлада Амиен со 3-0 и така да ја продолжи серијата без пораз.

Домаќините одлично се одбранија од нападите на францускиот шампион, па по првите 45 минути мрежите останаа да мируваат.

До првиот гол требаше да се чека до 57. минута кога Едисон Кавани го отвори резултатот, а Килијан Мбапе зголеми на 2-0 во 70. минута. Додека конечните 3-0 ги постави Маркињос во 79. минута.

ПСЖ во моментов се наоѓа на првата позиција со 50 бодови и 13 бодови повеќе од второпласираниот Лил, но притоа Парижаните имаат и два меча одиграно помалку.