ПСЖ најде замена за Кавани: Интер за Икарди ќе добие 110 милиони евра?

Францускиот гигант Пари Сен Жермен ја најде замената за Уругваецот Единсон Кавани, кој повеќе од извесно е дека ќе го напушти „Паркот на принцовите“ на лето, а местото ќе биде пополнето со еден од најдобрите напаѓачи во моментов – Мауро Икарди.

Иако за Икарди постоеа најави дека ќе замине во Реал Мадрид, се поизвесно е дека аргентинската контроверзна ѕвезда е поблизу до Париз, затоа што ПСЖ веќе подготвил 110 милиони евра за оштета кон италијанскиот гигант Интер, а плус 40 милиони евра за петгодишна верност да ги задоволи финансиските апетити на Икарди и неговата сопруга Ванда Нара.

Заминувањето на Икарди од Милано станува многу извесно, откако управата на клубот го загубила трпението од преговорите со Нара, која е менаџер на својот сопруг, па сега секоја понуда која ќе ги задоволи „нераѕурите“, а е над 100 милиони евра ќе биде разгледана и најверојатно прифатена. ПСЖ во Икарди гледа одлична замена за Кавани, кој поради несогласувањата со Нејмар веќе извесно е дека ќе си бара нов клуб.

Инаку Икарди во Интер дојде во 2013 година од Сампдорија. За него заинтересиран е и Реал Мадрид, но пречка за евентуален договор, барем како што објавуваат медиумите во Шпанија е Кристијано Роналдо.