ПСЖ му подготвил договор од соништата на Мбапе

Младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе одигра 43 меча минатата сезона и постигна 39 гола за францускиот клуб, а притоа урна и неколку рекорди.

Сепак, по одличната сезона почнаа шпекулациите дека Мбапе ќе замине од Париз, но и покрај тоа, Французинот реши да остане во ПСЖ.

Француските медиуми откриваат дека ПСЖ планира да му понуди нов договор, според кој ќе заработува дури 50 милиони евра годишно плус бонуси, а соработката би важела до 2024 година.