ПСЖ мора да го продаде Нејмар, инаку ќе остане без 198 милиони фунти!

Бразилскиот фудбалер Нејмар очајно инсистира да се врати во каталонскиот гигант Барселона, па на челниците на ПСЖ не им пресотанува ништо друго, освен да го пуштат да си замине со оглед на тоа дека доколку почекаат, можат да останат и без пари.

Бразилецот го напушти „Ноу Камп“ во 2017 година и потпиша за тимот од Париз за рекордни 198 милиони фунти во тоа време, но разговорите „кам-бек“ во Барселона продолжуваат да ескалираат.

„Мундо Депортиво“ известува дека, сега на 28 години, Нејмар продолжува да размислува за преселба во неговиот стар клуб, каде повторно би соработувал со Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жерард Пике.

Инаку, ПСЖ полека сфаќа дека може да остане и без пари во 2022 година, кога му истекува договорот на Бразилецот, па затоа ќе се обиде богато да заработи на евентуален трансфер, а според шпанските медиуми, неговата вредност во моментов се проценува на 198 милиони фунти.

Договорот за соработка меѓу ПСЖ и играчот се стопирани, а новите извештаи тврдат дека Нејмар е во постојан контакт со неговите стари пријатели во Барселона, кои го извастиле дека ќе биде пречекан со отворени раце ако се врати назад.

Како што пишува „Мундо Депортиво“, Барселона е подготвена да ги вклучи во трансферот и Усман Дембеле, Самуел Умтити, Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ.