ПСЖ ќе треба да бира - Винисиус или Луис Енрике!

Француските медиуми пишуваат дека Луис Енрике ќе замине од кормилото на ПСЖ доколку клубот реши да му го донесе Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.

Актуелниот договор на Луис Енрике со ПСЖ е со трајност до јуни 2027 година, но престојот би можел да заврши порано доколку фрацнускиот клуб го купи Винисиус од Реал Мадрид. 

Се шпекулира дека ПСЖ го посакува Винисиус кој би можел да замине од Реал Мадрид по крајот на оваа сезона.

Но, истовремено Бразилецот е сè она што Енрике не сака да го има во тимот, медиумски магнет и фудбалер што сака секогаш да биде во центарот на вниманието. 

ПСЖ стана европски шампион откако Луис Енрике ги исчисти таквите ѕвезди од тимот.

Па се верува дека клубот ќе му даде поддршка и ќе го поддржи неговиот став да не го носи Винисиус додека Луис Енрике е таму.