ПСЖ ќе гради тренинг-центар од 200 милиони евра (ВИДЕО)

ПСЖ сака да биде вистински спортски гигант. По примерот на многу големи фудбалски клубови, сега и „светците“ се подготвуваат за изградба на нов ултра модерен тренинг центар.

Планот е изградбата да започне во летото 2019 година, а да биде завршен во јуни 2021 година. Тренинг-центарот ќе се гради во околината на Париз во местото Поаси, кое е одалечено околу 24 километри од центарот на главниот град.

Комплексот треба да содржи дури 17 фудбалски терени, еден стадион од 5.500 гледачи, што ќе го користат младинскиот тим и женскиот тим за своите натпревари, потоа ракометна сала и помала сала за џудо тимот на ПСЖ. Целиот центар ќе биде изграден на земјиште од 74 хектари, а ќе го чини клубот околу 200 милиони евра.