ПСЖ и Нејмар се во интензивни преговори

Минатото лето се чинеше дека Нејмар својата иднина ја гледа во Барселона, но работите се сменија изминатите неколку месеци.

Бразилецот и клубот се во интензивни преговори за продолжување на соработката, јавува „РМЦ Спорт“. Актуелниот договор на Нејмар истекува на 30 јуни 2022 година, а кај двете страни постои очигледна желба за нов договор.

Имаше многу шпекулации околу иднината на крилниот напаѓач, но најновите информации се дека тој конечно се чувствува како дома во Париз. Мина периодот на адаптација во новата средина, па сега целиот фокус и амбиции на Нејмар се поврзани со ПСЖ.

Според моменталниот договор тој заработува 35 милиони евра по сезона, а со новиот неговата плата ќе се зголеми за пет милиони.