ПСЖ „граби“ кон титулата - убедлив триумф над Ним (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Пермен продолжуваат со доминантни партии во француската Лига 1, во рамки на 25. коло совладан беше Нимс со 2-0.

Уште на самиот старт „светците“ го нападнаа аутсајдерот на овој дуел. Но, Нимс ги одбиваше нивните напади се до четириесетата минута, кога Верати магично го проигра Кристофер Нкунку, а овој ладнокрвно погоди за 1-0.

Слична ситуација и во вториот дел, избраниците на Унај Емери го контролираа натпреварот, а вториот погодок беше дело на Килијан Мбапе. Фантастичниот Французин беше одлично проигран од Хуан Бернат и лесно го совлада голманот на Нимс. Конечните 3-0 ги постави кој друг, ако не Мбапе. 

Парижаните со овој триумф ја зголемија предноста на 17 бодови пред второпласираниот Лил, додека Ним останува единаесети со 36 бода. ПСЖ во следното коло гостува кај Каен, додека Ним го пречекува