ПСЖ го прегази Рен: Нејмар се врати со два гола и две асистенции (ВИДЕО)

Француски Пари Сен Жермен без многу мака и проблем забележа нова убедлива победа, вечерва со 4-1 на гости кај Рен, а по речиси една недела се врати во тимот Бразилецот Нејмар и со два гола и две асистенции го предводеше тимот до победата.

Суперскапото трио Нејмар-Мбапе-Кавани денеска ги запиша сите голови и асистенции, па овие тројца се забавуваа на мечот на кој прашањето за победникот беше решено по 17 минути кога „светците“ дадоа два гола. Почна со гол на Нејмар на асистенција на Мбапе во четвртата минута, следеше гол на најмладиот Мбапе на додавање на Бразилецот во 17-та, а откако Рен намали на 1-2 во 53-та преку Мубеле, за една минута ПСЖ даде два гола во средината на вториот дел за убедлив триумф. Нејмар во 75-та му асистираше на Кавани, а потоа Мбапе додаде за втор гол на Нејмар.

Со победата ПСЖ има 47 бода, 11 повеќе од шампионот Монако.