ПСЖ го отпушти резервниот тим

Францускиот шампион ПСЖ се одлучи да направи многу интересен потег. Раководството на клубот го отпушти цел резервен тим и тој нема да постои следната сезона. Причините за овој потег се јасни, „светците“ сакаат парите кои ги вложуваа во резервниот тим да ги префрлат во младинските категории.

„Опкружувањето во кое работеше резервниот тим не беше добро и играчите не можеа да се подготват за чекор понапред, во првиот тим. Многу млади фудбалери го прескокнуваа резервниот тим и заминуваа директно во првиот тим и поради тоа ни е јасно дека резервна екипа не ни е неопходна“, се вели во соопштението на ПСЖ.