ПСЖ го објави новиот дрес под брендот на Џордан (ФОТО+ВИДЕО)

ПСЖ денеска официјално го промовираше новиот дрес за следната сезона. „Најк“ и натаму е спонзор на опремата на парижаните, а следната натпреварувачка година и на првиот домашен дрес ќе стои логото на брендот „Џордан“. 

 Изминатава сезона, популарниот „човек што скока“ стоеше само на гостинските бели дресови. Новиот редизајн е во тоа што доминира само темно сината боја, без бордо.