ПСЖ го најде наследникот на Унаи Емери во Серија А

Главниот фокус на ПСЖ е освојување на Лигата на шампиони. Откако стана јасно дека тоа не може да се случи со Унаи Емери на клупата, францускиот тим веќе е во потрага по нов тренер. 

Многу имиња се поврзуваат со клупата на „Паркот на принцовите“, но италијанските медиуми велат дека веќе постои главен фаворит за нов тренер. Антонио Конте и Луис Енрике беа најмногу поврзувани со овој тим, но се чини дека фокусот на челниците на „светците“ ќе биде Масимилијано Алегри.

Парижаните сметаат дека ако Алегри може да го одведе Јувентус во две финалиња за три години, тогаш тоа го може и со ПСЖ. Италијанецот би можел да биде заинтересиран за клупата на францускиот тим, бидејќи ќе сака нов предизвик во кариерата.

Доколку Јувентус успее да го мине Реал Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампиони сезонава, тогаш првите луѓе на ПСЖ нема да имаат дилеми кого ќе „бркаат“ за нов тренер летово.