ПСЖ е најефикасен клуб во најдобрите пет лиги во светот

Фудбалерите на ПСЖ ја победија Црвена Звезда со 4-1 во шестото коло од групната фаза во Лигата на шампиони и на таков начин се пласираа во осминафинале на натпреварувањето.

Навикнати сме Парижаните да постигнуваат многу голови на натпреварите, а вечерва по постигнатите четири, тие станаа најефикасна екипа од сите во најдобрите пет лиги во светот.

ПСЖ сега има постигнато 70 голови во сите натпреварувања сезонава и зад себе го оставија Манчестер сити, кој постигна четири помалку.

Сепак, треба да се спомене дека „граѓаните“ утре го пречекуваат Хофенхајм во Лигата на шампиони, па треба да видиме дали ќе се вратат на лидерската позиција.