ПСВ растура во ЛШ: Вечерва настрада и Митјиланд (ВИДЕО)

ПСВ Ајндховен откако го демонтираше Галатасарај во претходното коло со двојна победа од 5-1 и 1-2, вечерва тргна сигурно и во третото коло со победа од 3-0 против Митјиланд. 

Холандскиот тим ја заврши работата уште во првото полувреме кога ги постигна сите три гола. Нони Мадуеке го отвори резултатот во 19.минута, а Марио Геце 10 минути подоцна зголеми на 2-0. Конечниот резултат го постави Коди Гакпо во 32.минута.

Во терминот од 20 часот се одиграа уште два натпревари, во кои Клуж и Јанг Бојс одиграа 1-1, додека Шахтјор со 2-1 славеше на гости кај Генк.