Прво се согласи да игра за 100 евра, а сега ќе го купи клубот за да го спаси од банкрот!

Прославениот полски фудбалер Јакуб Блашчиковски смисли начин на кој ќе го спаси својот омилен клуб. Тој го изгради своето име со настапите во Борусија Дортмунд во чии редови пристигна од Висла Краков, каде што играше неколку години, но на крајот повторно се врати во татковината.

Поради финансиските проблеми кои ги имаше клубот Блашчиковски се согласи да игра за само 100 евра месечно, а сега дополнително се комплицираше состојбата во Висла и тие се наоѓаат пред банкрот, но фудбалерот реши да им помогне.

Блашчиковски заедно со уште двајца пријатели бизнисмени, Томаш Јадзински и Јарослав Кролески реши да го купи клубот и да спречи пропаст на омилената екипа.