Првиот геј-фудбалер стана спортски директор во Бундеслигата

Бундеслигашот Штутгарт, на позицијата спортски директор го назначи Томас Хитцлшпергер. Тоа е првиот фудбалер кој јавно се произнесе дека е хомосексуалец. 

Томас Хитцлшпергер е првиот познат фудбалер, кој собрал храброст во јавноста да се декларира како хомосексуалец. Претходно тоа го имаат направено уште неколку фудбалери кои биле многу помалце афирмирани.

Новиот спортски директор на Штутгарт јавно призна дека е хомосексуалец во јануари, 2014 година, неговата цел тогаш беше да ги охрабри и останатите фудбалери од истата сексуална ориентација.

„Објавувам дека сум хомосексуалец, затоа што сакам да почне расправата за хомосексуалнсота помеѓу професионалните спортисти, бидејки тоа воопшто не е тема која се говори во фудбалот. Тоа беше долг и тежок процес на сознавање“, им кажа тогаш Томас на германските медиуми.