Прва победа за Рајо: Димитриевски остана енигма за напаѓачите на Еспањол (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ја зачува мрежата и во вториот меч во Ла Лига оваа сезона во која Рајо Валјекано славеше со 2-0.

Головите за победа на екипата на Димитриевски ги постигнаа Иси Палазон и Пате Цис, додека Димитриевски имаше една интервенција.

Рајо со победата скокна до првата позиција во Ла Лига и има четири бода, откако во првото коло одигра без голови против Барселона.