Прв пораз за Торино: Лацио освои важни три бода!
Гендузи беше стрелец на единствениот гол во првото полувреме, кога во осмата минута го матира Палеари за водство од 1-0 на Лацио.
По само 15 минути во вториот дел Диа погоди за предност на екипата од Рим со 2-0, но набрзо Адамс ја врати неизвесноста и намали на 1-2.
Во завршницата од регуларниот дел Нослин погоди за предност од 3-1, но во втората минута од судиското надополнување Коко погоди за конечни 2-3.
Торино остана на четвртото место со 11 бодови, додека Лацио е на шестата позиција со 10 бода.