Прв пораз за Сетиен: Барселона потона на гостувањето кај Валенсија (ВИДЕО)

Валенсија уште еднаш покажа дека е незгоден противник, па успеа да ја победи Барселона со 2-0 во рамки на 21. коло од Ла Лига.

Барселона водеше со посед на топката на теренот од првата минута, но Валенсија создаваше шанси кон голот на гостите, по што добија можност од пенал во 12. минута да стигнат до 1-0, но ударот на Гомез го одбрани Тер Штеген.

Во второто полувреме Валенсија продолжи со добрата игра, па ударот на Гомез заврши во Алба, а од него во мрежата на Тер Штеген за водство од 1-0, по што Гомез во финишот ги постави конечните 2-0.

Барселона остсанува лидер со 43 бодови, колку што има и Реал Мадрид, но тие имаат одиграно и еден меч помалку.