Против Еспањол расистички го навредуваа, но во Тенерифе пријатно го изненадија (ФОТО)

Екипите на Тенерифе и Атлетик Билбао одиграа одличен натпревар во рамки на осминафиналето во Кралскиот куп, а по изведувањето на пенали тимот од Баскија се пласираше во наредната фаза.

Сепак, во центарот на вниманието беа домашните навивачи кои воодушевија во своето фер и коректно навивачи. Имено, се играше деветата минута кога почнаа да скандираат „НЕ расизам“, а потоа кренаа транспарент посветен на гостинскиот фудбалер Инаки Вилијамс, на кој пишуваше „Ние се со тебе“ на баскиски јазик.

Деветата минута била избрана поради бројот на дрес кој го носи црномурестиот Вилијамс, а повод за тоа биле расистичките навреди кон фудбалерот на Билбао на натпреварот со Еспањол.

На крајот на натпреварот, Инаки им се заблагодари на навивачите.