„Просинечки ретко тренираше, постојано пушеше цигари, но на терен беше најдобар!“

Поранешниот англиски напаѓач Питер Крауч и во минатото се воодушевуваше од Роберт Просинечки, поранешниот селектор на Босна и Херцеговина.

Крауч во својата колумна за „Дејли Мејл“ откри детали од соблекувалната која ја делел токму со Просинечки.

„Не би бил премногу строг за фудбалерите кои имаа проблеми со тоа да останат во форма. Би сакал да зборувам за Роберт Просинечки, кој не беше посветен многу на физичката активност. Роберт не пушеше цигари само кога беше на теренот. Едвај го гледавме на тренинзи во текот на неделата, но кога играше за Портсмут беше неверојатен. имаше одлични трикови. Знаевме што може да направи“, открива Крауч.