Професионалниот спорт во Британија се враќа од понеделник

Спортот во Велика Британија може да продолжи од 1 јуни за прв пат по три месеци поради пандемијата од коронавирусот. Ова е последна одлука на Владата, која полека ги олабавува рестриктивните мерки.

Одлуката е на спортовите индивидуално да одлучат кога ќе се вратат со натпревари, но сите спортски настани мора да се одржуваат без публика и во строго контролирана средина со запазување на сите мерки на претпазливост и медицински протоколи.

Како најпопуларен и најголем спорт во Велика Британија, фудбалот во Премиерлигата ќе се врати на 17 јуни.