Проблеми за Интер: Алексис Санчез два месеци во „аут“

Алексис Санчез заработи повреда на скочниот зглоб за време на натпреварот помеѓу Чиле и Колумбија. 

Врз ѕвездата на Интер стартуваше фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо, по што Чилеанецот заработи повреда. Првичните прогнози се дека Санчез има повреда на лигаментите, а дополнителните тестови во Италија ќе покажат дали е потребна хируршка интервенција.

И без операција, повредата воопшто не е наивна и напаѓачот би можел да биде надвор од терените цели два месеци.

Санчез полека влегуваше во форма по трансферот од Манчестер јунајтед во Интер. За „нераѕурите“ постигна еден гол на четири натпревари сезонава.