Проблеми за Гвардиола: Трет фудбалер на Сити позитивен на ковид-19!

Манчестер сити пред две недели соопшти дека на ковид-19 се позитивни Ријад Марез и Ејмерик Лапорт, а денеска на таа листа се приклучи и Илкај Гундоган.

Премиерлигашот објави дека Гундоган е позитивен на вирусот, но не откри никакви детали, па во следните десет дена фудбалерот ќе биде во самоизолација.

„Граѓаните“ вечерва ја почнуваат новата сезона во Премиерлигата против Вулверхемптон, па нема сомнеж дека тренерот Пеп Гвардиола е во големи проблеми.