Проблеми за Челси: Азар ќе мора да паузира неколку натпревари! (ФОТО)

Ѕвездата на Челси, Еден Азар, ќе мора да паузира во наредните два натпревари поради повреда во грбот, која ја заработи на натпреварот против Манчестер јунајтед, откако нивните играчи стартуваа неколку пати грубо врз Белгиецот.

Фудбалерите на „црвените ѓаволи“ немаа милост кон Белгиецот, па според последните информации на англиските медиуми, Азар ќе мора да паузира во наредните два натпревари.

Тоа значи дека ќе ги пропушти дуелите против БАТЕ Борисов во Лигата на Европа и потоа ќе мора да одмора и против Барнли во Премиерлигата.

Медицинскиот тим на „сините“ соопшти дека засега повредата не е сериозна и Азар ќе биде во конкуренција за предизвиците кои доаѓаат наредната недела.

Секако, ова ќе биде голем проблем за Челси бидејќи Белгиецот е најдобар играч на лондонскиот гигант во досегашниот дел од сезоната.