Проблем за Клоп: Го загуби капитенот на скоро еден месец!

Со голем проблем се соочува менаџерот на еврпскиот и светски првак Ливерпул, Јирген Клоп откако официјално на речиси еден месец го загуби својот капитен Џордан Хендерсон, кој се повреди на мечот во Мадрид против Атлетико, кој „црвените“ го загубија со 0-1 во првото осминафинале во Лигата на шампионите.

Клоп денеска објави дека Хендерсон го очекува тринеделна пауза, а можеби и нешто повеќе, но посочи дека е среќен што извонредниот фудбалер за врска ќе паузира само до еден месец, зашто стравувачл дека можно е да го загуби како Хери Кејн (ѕвездата на Тотнем) до крајот на сезоната.

Хендерсон има повреда на долниот дел од бутниот мускул и тетивата над коленото.

„Можеше да биде и полошо, за секоја ваква повреда слушаме најразлични дијагноци, периоди на рехабилитација. Еве на пример со Кејн, кој долго паузира. За среќа, не е така лошо, но ќе биде во аут. Мислам дека се околу три недели или нешто така. Сепак, тоа е голем удар, но мора да потенцирав – имавме и среќа“, вели Клоп.

Ова значи дека Клоп ќе мора без својот капитен да игра клучни мечеви како со Челси во ФА-купот, но и реваншот во Лигата на шампионите за две недели со Атлетико на „Енфилд роуд“.