Проблем во Дортмунд: Навивачите не го сакаат Хумелс (ФОТО)

Откако Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се договорија за 20 милиони евра за Матс Хумелс да се врати на „Сигма Идуна Парк“, проблем експресно се појави, зашто навивачите на „милионерите“ не го сакаат дефанзивецот во своите редови.

Хумелс во 2012 година дојде во Дортмунд од Баерн, а потоа се врати во баварскиот гигант во 2016 година, разочарувајќи ги навивачите, кои сега не сакаат да го видат стоперот повторно во жолто-црниот дрес.

„Број 15 – нема компромис“, беше паролата што навивачите на Дортмунд ја истакнаа за време на кадетскиот меч помеѓу Борусија и Келн (2-3).

Ова е само најава, а дополнително Хумелс ќе се соочи со отпорот од навивачите во следниот период.