Пристигнаа конечните резултати од истрагата: Рејес е виновен за трагичната несреќа

Истрагата за сообраќајната несреќа во која загина шпанскиот фудбалер Хозе Антонио Рејес (36) на 1 јуни минатата година, конечно е завршена.

По скоро една година, истрагата беше официјално завршена денес, а обвинителот ги претстави конечните податоци.

Пукната гума предизвика возачот да загуби контрола над возилото и да излезе од патот со брзина од околу 187 километри на час. Тој возел најмалку 67 километри на час побрзо од дозволеното, беше објавено.

Исто така, обвинителот објави дека Рејес е одговорен за несреќата. Тој ја предизвикал сопствената смрт, како и смртта на братучедот на Џонатан и тешката повреда на друго лице, кое за среќа преживеа.

Да преживееше Рејес, ќе беше осуден за прекршоците, но со оглед дека фудбалерот трагично загина, тој процес е невозможен и истрагата конечно заврши.