Претседателот на ПСЖ се налути: Ако некој не се сложува со мене, тогаш ќе си замине!

Насер Ал-Келаифи од 2011 година е сопственик на ПСЖ, но досега не успеа да се приближи до трофејот во Лигата на шампиони. Тие годинава беа запрени од Манчестер јунајтед, додека во францускиот Куп загубија на пенали.

По тој пораз се открија многу негативни работи кои беа сокриени под катарските милиони, па главните ѕвезди Килијан Мбапе и Нејмар покажаа незадоволство, а ги критикуваа и соиграчите.

Бразилецот по пристигнувањето од Барселона се постави како фудбалер, кој е поголем дури и од клубот, но повеќе така нема да може.

„Не сакам повеќе да го трпам однесувањето на ѕвездите на тимот, ќе мора да тренираат повеќе. А ако не се сложуваат со тоа, тогаш вратата им е отворена“, вели Ал-Келаифи.