Претседателот на Атлетико го „пецна“ Роналдо: Тој има три трофеи во ЛШ, а не пет!

Кристијано Роналдо крена многу „прашина“ со неговите навреди кон навивачите на Атлетико Мадрид. Португалецот им покажа пет прсти, притоа мислеше на трофеите во Лигата на шампиони (ЛШ), кои ги има освоено во кариерата.

По мечот Роналдо помина покрај новинарите и повторно го кажа истото.

„Освоив пет трофеи во ЛШ, а Атлетико нема ниту еден. Јас пет, Атлетико нула!“, кажа Роналдо.

Сепак, претседателот на Атлетико, Енрике Серезо не се сложува со Роналдо дека тој бил заслужен за сите пет трофеи во ЛШ.

„За мене Роналдо нема пет трофеи. Двата против Атлетико тој не ги освои! А кој го направил тоа? За тоа ќе зборуваме другпат“, кажа Серезо.