
Претседател на клуб ги критикуваше судиите, па доби суспензија од 15 меча!
По натпреварот меѓу Марсеј и Оксер, Лонгорија кажа дека судиите го ограбиле неговиот тим, но и дека постои корупција, а тоа не му се допадна на францускиот фудбалски сојуз.
Лонгорија доби суспензија од 15 натпревари и ќе остане без пристап до теренот во следниот период.
Казната ќе мора да ја отслужи во следната сезона затоа што до крајот на францускиот шампионат има уште 11 меча.