Пресврт: Давид Силва ќе игра во Серија А, ама не во дресот на – Лацио!

Без разлика што Давид Силва и Лацио имале начелен договор за соработка за следната сезона, до неа нема да дојде, тврди Клаудио Анелучи, агент со знакот на ФИФА и поранешен менаџер на Дибала и Кавани.

Причина за тоа е фактот што новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, изразил голема заинтересираност за ангажманот на фудбалерот на Манчестер Сити.

„Со сигурност знам дека Пирло жестоко влегол во овие преговори, вест која ја добив од некои пријатели, многу важни луѓе. Постоеше договор помеѓу Силва и Лацио, но за жал сѐ додека играчот не потпише трансферот не е реализиран, изјавил Анелучи.

Силва чека „граѓаните“ да завршат со настапот во Лигата на шампионите, каде што утре во четврт-финалето играат против Лион, па дури потоа ќе ја објави одлуката за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.