Премиерлигата воведе пет замени, ама тие ќе се прават под – специјални услови

Англиската Премиерлига ја прифати измената на правилата предложена од ФИФА преку Интернационалниот фудбалски Борд (ИФАБ) за пет замени во тек на еден меч, како олескување и за фудбалерите во густиот и набиен календар за доигрување на актуелната сезона, но и за почетокот на новата.

Но, тоа што Премиерлигата прифаќа пет замени, не значи дека клубовите и тренерите ќе може да прават со нив што сакаат, туку под специјални услови ќе мора да ги користат. Бидејќи сега ќе бидат дозволени девет резервни фудбалери, Премиерлигата одлучила да има само три термини за замени во тек на меч, што значи дека во два, еден тренер ќе може да замени и двајца играчи одеднаш.

Ова е услов за тренерите да не прават пет замени, а барем две од тие да ги користат во судиските надополнувања, само со цел да задржуваат време во битката да ја остварат целта за добар резултат на еден меч.

Пет замени воведе германската Бундеслига, која веќе од пред две недели го рестартираше фудбалот, а Ла Лига најави дека ќе ги користи овие пет замени, додека Серија А допрва треба да се изјасни, но за очекување е дека и тие ќе го прифатат ова олеснување.