Премиерлигата од наредната сезона ќе користи ВАР-технологија

Клубовите од Премиерлигата се согласија да ја користат ВАР-технологијата во натпреварувањето од сезоната 2019/20.

Премиерлигата ќе испрати барање до Меѓународната фудбалска асоцијација и до ФИФА за да почне со употреба на видео-технологијата.

Инаку, видео-технологијата досега се користеше во Карабао Купот и во ФА купот сезонава, па ги задоволи потребите на Англичаните.

Инаку, ВАР-системот се користеше летово на Светското првенство во Русија, а исто така се користи и во неколку други европски лиги, меѓу кои Италија, Германија, Шпанија...