Премиерлигата објави дека нема да има фудбалски маратони како на СП во Катар!

Нема фудбалски меч на Светското првенство во Катар, а да не е фудбалски маратон од најмалку 100 минути, па има по десетина минути продолженија и во првиот и во вториот дел, зашто секое непотребно губење на времето се надополнува.

И ако ова беше најава за револуционерната промена во фудбалот после СП и на клупски план, за да се зболеми времето на активна игра, од англиската Премиерлига јасно и гласно ставија до знаење – вакви маратони после Мундијалот нема да има!

Убедливо најмногу се играше на мечот Англија – Иран каде имаше дури 28 минути надополнување или скоро два часа фудбал. Во просек досега мечевите на СП траат 102 минути и 42 секунди!

Но, Премиерлигата веќе порачала дека ваквите маратони од СП нема да се пресликаат во најатрактивното клупско натпреварување и дека продолженија ќе има само со надополнување на времето за ВАР, повреда или по 30 секунди за секоја измена. Ништо повеќе од тоа, да се надополнува губење на време од други аспекти.

Премиерлигата, како што објавија островските медиуми се согласила со ФИФПро, светското здружение на фудбалери, дека ваквите исцрпувачки маратони дополнително влијаат на психолошката и физичката исцрпеност, па поради тоа сѐ почести се повредите на фудбалерите.