Премиерлигата ја изрече првата казна за симулирање пенал (ВИДЕО)

Поради успешен обид за симулирање пенал, денеска Фудбалската асоцијација на Анлија ја изрече првата суспензија во Премиерлигата.

Станува збор за фудбалерот на Евертон, Умар Ниасе, кој се обиде и успеа да исценира прекршок за најстрога казна на дуелот со Кристал палас.

Според правилникот на ФА, Ниасе е обвинет за „успешна измама на судијата“ и поради тоа е казнет со два натпревари неиграње.

Сенегалецот падна во шеснаесетникот по минималниот контакт со Скот Дан, а судијата Ентони Тејлор процени дека тоа е доволно за пенал и покажа на белата точка. Бејнс погоди, а натпреварот заврши со 2-2.