Премиерлигата доби „зелено светло“ за тренинзи со контакт

Англискиот фудбал е многу близу да продолжи со сезоната, откако Владата на Велика Британија одбори клубовите да почнат со тренизи со контакт и со повеќе фудбалери. 

Англискиот фудбал со „полна пареа“ оди напред кон рестарт на натпреварувањето, а ова ќе биде една од клучните недели за тоа. Изминатиов период во клубовите во Премиерлигата беа направени тестови на коронавирус во две фази и се појавија вкупно осум позитивни лица, шест при првото тестирање, двајца при второто.

Фудбалерите и тренерите од Премиерлигата денеска ќе имаат состанок со челниците на Премиерлигата за да дискутираат дали се подготвени да ја почнат и втората фаза од „Проектот рестарт“. Во среда ќе гласаат дали ќе се започне со тимски тренинзи и дозволен контакт помеѓу фудбалерите.