Прекрасни кореографии на дербито помеѓу Интер и Милан (ФОТО)

Вечното италијанско дерби помеѓу Интер и Милан привлече големо внимание на „Меаца“, па на стадионот владее прекрасна атмосфера кај најголемите навивачи на двата големи клуба.

Токму навивачите на двете екипи имаа прекрасни кореографии пред почетокот на средбата, какви што одамна не беа забележани во италијанското првенство.

Дефинитивно ултрасите на двете екипи се потрудија за да направат добра кореографија, а истата остава без здив.