Андрес Иниеста вечерва го игра последниот натпревар во кариерата во дресот на Барселона против Реал Сосиедад.

Очекувано, навивачите на „каталонците“ му приредија прекрасно простување на фантастичниот фудбалер, кој цели 17 години беше дел од клубот. Трибините на најголемиот стадион во Европа блеснаа во кореографија посветена само за фудбалерот и на цела трибина беше испишано, „Иниеста бесконечен“.