Прекинат мечот Атлетико - Реал поради фрлени две запалки! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Атлетико и Реал Мадрид е прекинат по 67 минути игра, на општо изненадување на љубителите на фудбалот.

 

 

До прекинот дојде непосредно по водечкиот гол што го постигна Едер Милитао откако најжестоките навивачи на Атлетико фрлија запалки кон противничкиот голман Тибо Куртоа. Мора да се истакне дека белгискиот голман ги провоцираше токму нив во моментите кога Реал дојде до водство.

 

 

Главниот судија прво побара од домашните фудбалери д ги смират навивачите, а потоа одлучи да ги испрати фудбалерите во соблекувална и се уште не се знае кога ќе продолжи натпреварот.