Предавство во Италија: Дибала се сели во Милан!?

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус бидејќи му завршува договорот и најверојатно ќе се пресели во Милан.

„Кориере дело Спорт“ објави дека Дибала сака да остане во Серија А, додека од неговиот избор го избришал Интер, па единствен сериозен кандидат за неговиот потпис се „росонерите“.

Милан во моментов е лидер во Серија А со 67 бодови, односно еден повеќе од Наполи на седум кола пред крајот, додека нив ги следи Интер со 63 бода, а има одиграно и еден меч помалку.